Нов саем „Купи куќа, купи стан“ во Сити мол
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на својот фејсбук профил најави дека од 29 овој месец до 1 ноември во Скопје Сити Мол ќе се одржи нов саем „Купи куќа, купи стан“, како што ветил на минатиот саем пред една година.
На саемот ќе учествуваат Министерството за финансии, банките кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ и градежни компании со понуда на станови. Како што е најавено, ќе има и саемски попусти на становите.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ досега одржа и повеќе презентации по градовите низ Македонија со цел да се доближи проектот до секој граѓанин на кој му е потребен. Презентации беа одржани во Охрид, Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Свети Николе, Велес, Куманово, а денес во 17 часот во Домот на АРМ ќе бидат презентирани можностите на проектот пред граѓаните на Тетово.
Преку проектот „Купи куќа, купи стан“ досега се доделени субвенции во износ од 4,3 милиони евра, а поединечно субвенцијата може да достигне до 14.000 евра.
Ново на Сител
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп