Свет
26. April 2016 - 13:52

Нов штрајк на младите лекари во Англија против владините реформи

Младите лекари во јавното здравство (НХС) во Англија, денеска стапија во нов, деветчасовен штрајк, протестирајќи против намерата на британската влада за реформи во здравствениот систем и за нови работни договори.

Денешниот штрајк е првиот во историјата на НХС во кои се вклучија сите лекарски оддели, па денеска со штрајкот се опфатени и акушерството, амбулантите и одделенијата за интензивна нега.

Младите лекари и синдикатот кои ги подржува да истрајат во протетите, не се согласуваат со новите договори што ги предлага владата, тврдејќи дека тие побвеќе ќе работат и дежураат во текот на викендите, а нема да добиваат повеќе пари за својата зголемена работа.

Министерот за здравство Џереми Хант го означи денешниот штрајк како „тмурен ден“ за јавното здравство.

Во изјава за Би-Би-Си тој порача дека владата нема намера да се откаже од плановите и реформите, обвинувајќи ги синдикатите дека „немаат право да го попречуваат спроведувањето на изборниот манифест“ на партијата за „државното“ здравство.

Денешниот штрајк почна утринава во 8 и ќе заврши попладне во 17 часот.

Штрајкувачите и синдикатот најавијна нов штрајк во среда.

Раководството на НХС портврди дека штрајкот го попречува нормалнто работење на целиот здравствен систем во Англија, но изрази надеж дека нема да има нарушување на безбедносната ситуација во болниците и амбулантите.

Во Англија се регистрирани 50 илјади млади лекари, или една третина од вкупниот број здравствен персонал.

Штрајкот предизвика откажување на 13 илјади рутински операции и на повеќе од 100.000 закажани прегледи. Во одделенијата за интензивна нега е префрлен дополнителен персонал, а сите најавени одмори и отсуствувања за денеска се повлечени.

Јавноста во Англија и натаму го поддржува штрајкот на младите лекари. Истражувањето покажува дека поддршка на штрајкот му даваат 57 отсто од Англичаните, а дека против се 26 отсто.