-->
-->
Нов убедлив пораз на македонските јуниорки на ЕП
-->
Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години го претрпе и вториот пораз на во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
Избраничките на селекторот Горјан Стојановски, во натпреварот од 2.коло на Ц групата синоќа беа декласирани од врсничките од Ирска со убедливи 100-39 четвртини 15-10, 28-12, 27-7 и 30-10.
Во редобите на нашата селекција единствено Цветанка Димова имаше двоцифрен број на поени (10), додека Сара Споровска беше втор стрелец со 9 постигнати поени.
Денеска од 16 часот и 15 минути нашите млади кошаркари ќе го играат натпреварот од 3.коло против селекцијата на Естонија, а во последното коло од групната фаза за противник ќе ја имаа Англија (во среда од 16.30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Симулациска вежба за спречување чума кај малите преживари во Северна Македонија
-
Фатени крадци на дело во неготинско
-
Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време