Нова демократија на 13 декември ќе избира нов лидер

Изборите за нов лидер на најголемата опозициска партија во Грција се закажани за 13 декември, одлучи Централната изборна комисија на партијата на вчерашната седница.
Комисијата им се извини на членовите, симпатизерите и пријателите на партијата поради техничките проблеми со компјутерскиот систем, кои доведоа до одложување на изборите за нов партиски лидер.
Неуспешните избори во неделата предизвикаа вистинска „војна“ во Нова демократија. Четворицата кандидати за функцијата меѓусебно се обвинуваа, а двајца од нив Константинос Мицотакис и Адсонис Георгиадис најавија дека ќе се повлечат од функциите на пратениците на Нова демократија.
Мицотакис го обвини времениот претседател на партијата Евангелос Меимаракис дека уште од 11 ноември го предупредил за техничките проблеми во компјутерскиот систем.
Меимаракис, пак, го нападна поранешниот премиер Андонис Самарас, нагласувајќи дека компанијата, која е одговорна за неуспешноста на изборите во партијата, била ангажирана за различни настани за време на владеењето на Самарас.
Четвртит кандидат е Апостолос Џиџикостас.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
