Нoва фекална канализација за Жданец

Продолжуваат инфраструктурните активности на територијата на општина Карпош. Во тек е изведба на фекална канализација во должина од 600 метри за новата населба во Жданец, која почнува интензивно да се гради.
Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече дека со тоа практично повеќе ќе нема септички јами во тој дел од општината, а со тоа ќе прекине загадувањето на подземните води.
- Инвестиција чини околу 3,9 милиони денари, а за нејзината изведба е ангажирана фирмата „Ју –Бај 13“, а со оваа канализација ќе биде поврзана целата населба. Ова е втора фаза од реализација на проектот, кој почна со поставување фекална канализација од последната станица на автобусот бр. 57 во населбата Нерези. На тој начин се овозможува подобар комодитет во живеењето на граѓаните во овој дел на општина Карпош, посочи Јакимовски.
Потенцира дека во исто време работат на подобрување во водоснабдувањето бидејќи во тој дел нема квалитетно водоснабдување, односно има само техничка вода, односно водата не се користи за пиење. Со ова, нагласи, практично се обезбедува многу подобро живеење за граѓаните, бидејќи во исто време ќе се изврши асфалтирање на оваа улица, каде што живеат граѓаните кои веќе самите ја имаат поплочено со бекатон плочки.
Јакимовски напомена дека изградбата на овој дел од канализацискиот вод ќе заврши за околу 20 дена. - По завршувањето, сите граѓани кои градат или имаат изградено куќи, ќе можат да се приклучат на фекалната канализација, а со тоа септичките јами на територијата на општина Карпош ќе бидат минато, додаде Јакимовски.
Ново на Сител
-

Клековски - ново проширување на позитивната листа со антикоагулантна терапија следниот период
-

СДСМ: ВМРО не руши одвнатре
-

Заврши процесот на евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток
-

Нови удари и елиминации во Иран
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
