Нова нуклеарна проба во Северна Кореја е можна во следните 40 дена
Првата нуклеарна проба на Северна Кореја од 2017 година би можела да се изврши меѓу 16 октомври и 7 ноември, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални претставници од Националната разузнавачка агенција.
Подготовките за нуклеарното тестирање се завршени во севернокорејскиот тунел Пунџе-ри, каде досега беа извршени шест подземни нуклеарни проби од 2006 до 2017 година, јави јужнокорејската агенција. Јонхап додава дека времето за тестирање на нуклеарниот материјал најверојатно ќе биде одредено од настаните во Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и во САД, неговиот најголем ривал.
-Доколку Северна Кореја изврши нуклеарна проба, тоа би можело да биде меѓу 20-тиот Конгрес на кинеската Комунистичка партија, закажан за 16 октомври, и среднорочните избори во САД, закажани за 7 ноември, изјави претставникот на Националната разузнавачка агенција, Јо Санг-бум.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник