Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид

Охрид ќе биде домаќин на првиот турнир од новата сезона на Јадранската текбол лига (ATL). На првиот од петте турнири планирани за оваа сезона, в сабота (14 јуни) ќе се игра во две категории, машки сингл и машки дубл.
Натпреварувањето ќе се одржи во две фази, првата фаза е планирана во спортската сала на Основното училиште „Григор Прличев“, додека втората фаза ќе се одвива на Градскиот кеј „Македонија“.
- Особена чест ми е што организаторите на Јадранската лига повторно нè избраа за технички организатори. Како релативно нов спортски настан во овој регион, тој претставува дополнителна мотивација и предизвик за нас. Добро организиран настан придонесува Текболот да стане сè попопуларен и кај нас. Сакам да изразам голема благодарност до Општина Охрид, особено до градоначалникот Кирил Пецаков, кој даде отворена поддршка за организацијата на овој настан, изјави спортскиот директор на младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, Коста Трифуноски.
Покрај натпреварувачи од Македонија, на турнирот ќе учествуваат и играчи од Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија...
- Сакам да изразам голема благодарност до организаторите што повторно го избраа Охрид за одржување на Јадранската лига. Со тоа, Охрид ќе има можност да им понуди уште една атракција и на гостите, и на своите граѓани. Се надевам дека и годинава ќе го оправдаме епитетот на добри домаќини. Добредојдовте во Охрид – градот на светлината! – изјави градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Наградниот фонд за турнирот изнесува 3.000 евра.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
