Ракомет
16. November 2016 - 19:59

Новара победа на ракометарите на Охрид во Суперлигата

 
 
 Во ракометното првенство на Македонија, попладнево се одиграа два натпревари од 10 коло во Суперлигата. 
 
Лидерот на табелата Охрид очекувано беше подобар од последно пласираниот тим на табелата Работнички кој го совлада убедливо со 38-28 со што охриѓани го остварија и осмиот триумф сезонава. 
 
Вториот меч одигран во СЦ „Кале“ во Скопје, меѓу Вардар Јуниор и Прилеп заврши без победник 30-30. 
 
Во тек е дуелот меѓу Борец и Радовиш, а колото ќе биде комплетирано со средбата Металург II – Пролет.
 
Вчера во битолското дерби Пелистер го совлада Еурофарм Работник со 20-21.
 
Табела: Охрид 25 бода, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 16, Металург II 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 8, Вардар Јуниор5 и Работнички 0.