Новата преодна влада на Бугарија положи заклетва пред претседателот Румен Радев
Претседателот на Бугарија Румен Радев по претставувањето на новата преодна влада и нејзиниот премиер Гулаб Донев изјави дека главниот предизвик е поврзан со безбедноста, јави дописникот на МИА од Софија.
Ризикот војната да зафати нови територии е реален и, според Радев, прв приоритет за новата бугарска влада е да се спречи вовлекување на Софија во конфликтот, да се намалат ризиците за националната безбедност на Бугарија и да се забрза работата на модернизација на воените сили на земјата.
Според претседателот на Бугарија, глобалната енергетска криза е директна последица на војната. – Техничката влада и следните влади во Бугарија мора да се водат од два важни приоритети – безбедноста на снабдувањето и цената на енергетските превозници. Друга катастрофална последица од војната е кризата со храна, рече Радев. Важен приоритет ќе биде безбедноста на храната и контролата на цените во Бугарија, додаде тој.
Радев повтори дека бугарското општество очекува да ја слушне целата вистина за изградбата на автопатот „Хемус“, поправката на браните и другите големи корупциски проекти. Тој изрази очекување и итни активности за обезбедување безбеден сообраќај на патиштата и покрај нормативната блокада и прекинот на нивното финансирање.
Новите министри и вршител на должноста премиер Гулаб Донев дадоа заклетва пред претседателот на Бугарија, бидејќи нема активно Народно собрание за положување заклетва. Ова е 100-та влада на Бугарија од ослободувањето на земјата од османлиската власт пред 144 години и осма официјална влада од воведувањето на повеќепартиската демократија кон крајот на 1989 година.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење