Нови 30 заразени и деветмина излекувани од Ковид-19 во Косово
Нови 30 случаи на заболени од Ковид-19 и деветмина излекувани од болеста се регистрирани вчера во Косово, со што официјалната бројка на лица кај кои е потврдено дека се носители на новиот коронавирус се искачи на 510, додека како излекувани се водат вкупно 93 лица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според синоќешното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 242 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 4.363.
Најмногу од новозаразените, вкупно 11, се од општина Сува Река, деветмина се од Штимле, по двајца од Косово Поле, Ѓаковица и Гњилание и по еден од општините Глоговац, Клина, Витина и Каменица.
Во Урошевац, каде што последниве денови се регистрираа најмногу новозаразени и каде што нивната бројка достигна до 81, вчера, како и во главниот град Приштина, не е регистриран ниеден нов заболен од Ковид-19.
Осуммина од вчерашните девет излекувани се од Малишево, општината која на почетокот беше жариште на епидемијата и каде што досега се потврдени 70 носители на новиот коронавирус, од кои 31 лице ја пребродило болеста. Во таа општина досега е забележан и еден смртен случај како последица на заразата.
ИШПК објави дека во саботата во земјата не е регистриран ниеден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово останува 12.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата