Нови членови на Одборот на директори на АмЧам Македонија
Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) на 16. генерално собрание ги избра новите членови на Одборот на директори со мандат од две години.
За членовите гласаа повеќе од 80 претставници на компаниите-членки на Комората.
Славко Пројкоски, главен директор за финансии во Македонски Телеком АД - Скопје, Љупчо Георгиев, генерален директор на Микрософт ДООЕЛ - Скопје, Михаел Шолтер, генерален директор на Филип Морис-Тутунски Комбинат Прилеп, ДОО - Скопје, Јован Радосављевиќ, генерален директор на Пивара Скопје АД и Георги Марков, лидер за даночни и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс, ДООЕЛ Скопје се новите членови на Одборот.
Претседателот на Одборот Славко Пројкоски го отвори настанот, потенцирајќи го придонесот на волонтерите и претставниците на АмЧам кој, како што рече, влијае кон унапредувањето и споделувањето на експертизата со компаниите-членки. Пројкоски ја нагласи и важноста на континуираната соработка со останатите бизнис заедници со цел подобрување на локалната легислатива.
Амбасадорот на САД Џес Бејли исто така ги охрабри компаниите да останат посветени на, според него, вредностите и институциите кои спречија конфликт, креираа период на одржлив економски раст и ги срушија бариерите помеѓу луѓето со различни јазици и култури, да продолжат да инвестираат во млади луѓе и студенти, да инсистираат на владеење на правото во сите сфери и да останат амбициозни и фокусирани кон глобалните цели како што се климатските промени и иновацијата.
- Апатијата е непријател на силната демократија, рече Бејли и ја повика бизнис заедницата да биде активен партнер во креирањето на новите можности и економскиот развој за македонските граѓани.
Извршниот директор на АмЧам Македонија Мишел Османли ги презентираше активностите на организацијата за промоција на лојалната конкуренција, зголемување на ефективноста на носењето и спроведувањето на законите, како и зголемувањето на учеството на бизнис заедницата во општо-корисните проекти и одговорната бизнис пракса. Преку 90 отсто од членките, посочи, активно учествуваат во активностите на Комората секоја година и каналите на комуникација допреа до рекордна публика во и надвор од Македонија.
АмЧам Македонија ја сочинуваат 112 компании од различни сектори. Комората е посветена на зајакнување на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, како и на промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина.
Ново на Сител
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино