Нови игри околу цената на нафтата

Нема причина да се очекува цената на нафтата да ја зголеми добивката за време на првото тримесечје од 2018 година, соопштија енергетски експерти.
Според аналитичарите, можноста за пораст на производството на САД, намалувањето на цените и интензивирањето на геополитичките ризици најверојатно ќе го придушат растот на цената на почетокот на идната година.
Хари Колдин, директор на фирмата Лонгвју Економикс (Longview Economics), изјави дека „е прилично песимист во однос на цената на нафтата во следните три месеци.
- Иако лесно можевме да ја видиме ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, во недостиг на тоа, најверојатно оптимизмот е загубен за следните шест месеци. Речиси секогаш на ист начин се соочуваме со ситуацијата околу нафтата и кога тоа ќе се случи мора да бидете особено внимателни, рече Колдин.
Цените на нафтата се подобрија за повеќе од една третина од нивната вредност откако во јуни 2017 година го достигнаа дното. Растот во голема мерка е последица на глобалното намалување на снабдувањето што го применија производителите на нафта од и надвор од ОПЕК, на почетокот на годината.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
