Нови мерки во Србија - Од понеделник се отвораат трговските центри
Кризниот штаб на Србија одлучи трговските центри да бидат отворени во понеделник, на 12 април, и дека ќе бидат отворени до 22 часот. Угостителските објекти во рамките на трговскиот центар сè уште нема да бидат отворени, пренесува „Блиц“.
Кога станува збор за учениците, одлуката е условена со уште една проверка на епидемиолошката состојба, така што, ако паднат бројките, децата ќе се вратат во училиштата според моделот од 1 септември. Ова практично значи настава во училници, но и комбинирана настава, како што правеа средношколци.
На денешната седница се дискутираше и за отворање на внатрешните делови на угостителските објекти. Според планот, тие треба да бидат отворени на 19 април, сепак, таа одлука не беше донесена денес. Целосното отворање на кафулињата и рестораните ќе биде преиспитано следната недела.
Вчера премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека скоро секој ден разговарала со медицинскиот дел од Кризниот штаб и дека лекарите сметале дека сè уште не е време да се релаксираат мерките.
"Секако, некој мора да зборува со Кризниот штаб. Јас разговарам со медицинскиот дел од персоналот секој ден. Тие сметаат дека сè уште не е време и дека добро ни оди, па затоа не треба да го загрозуваме тоа. Ќе видиме утре што ќе се случи следно ", рече таа вчера.
Да потсетиме, според последните информации, во последните 24 часа, во Србија биле регистрирани 3.625 новозаразени од 16.055 тестирани, а за жал, починало уште 41 лице. Во моментов има 265 пациенти на респиратори, додека 7.929 се на болничко лекување.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 633.013 лица заразени со корона вирус, а овој вирус однесе 5.620 животи. Тестирани се вкупно 3.547.832 примероци.
Ново на Сител
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
