Нови обвиненија против мировници на ОН за сексуална злоупотреба

Обединетите нации соопштија синоќа дека од почетокот на годината примиле 44 нови обвиненија за сексуалну злоупотреби на повеќе од 40 малолетници, кои наводно ги извршиле припадници на мировните сили на ОН, а и друг персонал на мисиите на Организацијата во светот.
Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека 29 обвиненија се поднесени до мировната мисија на ОН во Централноафриканската Република, седум до мисијата во Конго, две на Хаити и по една во Јужен Судан, Брегот на Слоновата Коска, Мали, спорната погранична територија меѓу Судан и Јужен Судан, како и до политичката мисија на ОН во Либија и мисијата која ја надгледува мировната спогодба на Блискиот Исток.
ОН повеќе месеци се во центарот на вниманието поради обвиненијата за силување деца и други видови сексуални злоупотреби, извршени од страна на припадници на мировните сили на ОН, најмногу во Централноафриканската Република и Конго.
ОН на 31 март соопштија дека 108 девојчиња и жени пријавиле сексуална злоупотреба од страна на припадници на мировните сили во префектурата Кемо во Централноафриканската Република, кои се случувале во периодот меѓу 2013 и 2015 година.
Дижарик синоќа изјави дека нема нови информации за таа истрага, која ја спроведува Канцеларијата на ОН за интерна контрола.
ОН има 105 илјади мировници распоредени на 16 кризни локации ширум светот, како и политички мисии во повеќе земји, вклучувајќи ги Авганистан, Ирак и Сомалија.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун препорача припадниците на мировните сили обвинети за сексуално злоупотребување да бидат изведени пред воен суд во земјите, каде тие инциденти се случиле.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
