Нови оперативни сали на Очната клиника

Од Универзитетската клиника за очни болести информираат дека се завршени градежните и реконструктивни зафати за реновирање на оперативниот блок и сите хируршки интервенции се вршат во новите оперативни сали.
Станува збор за простор од околу 400 метри квадрати, чие последно реновирање, како што се посочува, било извршено пред речиси 20 години (во 1998 година) и веќе не ги задоволувало стандардите и потребите на Клиниката.
Од Клиниката наведуваат дека бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминатите години, на пример во 2007 година биле оперирани по 20 пациенти неделно, додека последнава година, во просек, по 100 пациенти биле оперирани во една недела.
Како резултат на зголемениот број пациентите за операција на катаракта и големата фрекфенција во оперативниот блок, како што истакнуваат од Клиниката, се појавила потреба од проширување на просторот со преадаптација и припојување на досегашната библиотека, во составен дел на оперативниот блок.
Паралелно со овој процес е завршенo и реновирањето на стационарот на Клиниката, кој зафаќа простор од 900 метри квадратни. Во болничките соби се поставени нови прозорци, врати, подови, ѕидовите се молерисани, а донесени се и нови болнички кревети и плакари. Исто така, во меѓувреме се набавени и нови апарати за: фако хирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија и други, со кои се овозможија услови за безбедна хирургија и зголемување на бројот на оперирани пациенти, информираат од Клиниката за очни болести
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
