Нови промени со времето - Еве какво ќе биде утре
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 степени.
В недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Во текот на денот ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 15 до 22 степена.
Од понеделник се очекува позначителна промена на времето. Поради спуштање на постуден воздух температурите позначително ќе опаднат, а ќе има и врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови и повремено ќе бидат со умерен интензитет. Во понеделник дневната температура ќе се движи од седум до 13 степени.
Ново на Сител
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа
-
Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција