Нови протести во Бугарија против Владата и главниот обвинител

Протести против владата на Бугарија и против главниот обвинител се одржуваат веќе деветти ден по ред во Софија и други градови низ таа држава.
Демонстрантите во Софија почнаа да се собираат пред зградата на претседателството во попладневните часови. На самото место има силни полициски сили.
Претходно заменик началникот на полицијата во Софија, Антон Златанов изјави дека осум лица се приведени на 16 јули, пред и по антивладините протести во бугарскиот главен град. Златанов рече дека дрога е пронајдена кај двајца приведени, а кај шест лица се пронајдени ножеви, солзавец и пиротехника.
Регионалниот суд во Софија, исто така, денеска одреди кауција за четворица млади мажи, кои беа уапсени и обвинети за фрлање шишиња и метални лименки кон полицајците и фрлање на нив во зградата на Националното собрание за време на антивладините протести на 14 јули.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си поднесат оставки поради протестите.
Ново на Сител
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
