Нови решенија за легализација на дивоградби во Ѓорче Петров
Општината Ѓорче Петров додели 200 нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Новите решенија се изработени во изминативе 45 дена, а со нивното доделување бројката на решени предмети се искачи на 4.859 барања од вкупно 10.979 поднесени.
Од општината информираат дека вработените од Секторот за урбанизам, задолжени за финилизирање на предметите, секојдневно испраќаат и писмени известувања до ѓорчепетровци за да ги достават неопходните документи за докомплетирање на барањата.
Од општината апелираат да не се чекаат крајните рокови затоа што самите граѓани би можеле да го загрозат процесот на легализирање на нивниот објек. Со тоа ќе им помогнат на вработените во општината за побрзо расчистување на предметите што е и примарна цел и на општината.
Ново на Сител
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон