Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
Научниците долго дебатираат за тоа што предизвикува проѕевање, и до денес сѐ уште нема конечен заклучок. Нова теорија нуди занимливо објаснување- коешто нема никаква врска со недостатокот на кислород или заморот.
За вообичаени предизвикувачи на проѕевање досега се сметале заморот, здодевност, будење или стрес, а познато е и дека тоа може да е заразно – со просто гледање или слушање како другите се проѕеваат. Клиниката Кливленд (Cleveland Clinic) во САД, потсетува на старата теорија – дека проѕевањето е, всушност, отворање на дишните патишта.
„Тоа е сложено мускулно движење. За само неколку секунди, целата мрежа од дишни паитшта се шири, а мускулите околу грлото (фаринксот) интензивно се растегаат и затегаат. Друго име за проѕевање е оскулација”, се вели во објаснувањето.
Нова теорија: Ладење на мозокот
Ендрју Галуп – научник од Универзитетот на Њујорк, ја развива теоријата уште во неговите студентски денови. Набљудувајќи го „зевањето“ т.е. наглото отворање на вилицата, тој претпотавил дека тоа го стимулира протокот на крв околу черепот, што помага да се регулира температурата и придонесува за ладење на мозокот. Вдишувањето воздух при проѕевањето внесува и поладен воздух во телото, според научникот.
Галуп реши и да ја тестира својата хипотеза. Во експериментот, учесниците држеле топли, ладни и млаки облоги на челото додека гледале како другите луѓе се проѕеваат. Резултатите се интересни:
Кај испитаниците со топлите облоги, проѕевањето било заразно во 41 отсто од случаите; Кај учесниците со ладни облоги, тој број изнесувал 9 насто.
Дополнително, учесниците кои дишеле низ нос- што е поефективен начин за ладење на мозокот од дишењето преку уста – воопшто не се проѕевале. Во другите групи, меѓу 45 и 54 отсто од учесниците се проѕевнале барем еднаш.
Галуп притоа побарал од учесниците да ја измерат температурата на устата пред и по проѕевањето. Тој открил дека температурата се зголемува непосредно пред проѕевањето и паѓа по тој чин, што дополнително ја поддржува неговата теорија.
Одржување будност
Галуп, меѓу другото, смета дека проѕевањето не е знак дека ни треба да спиење, туку напротив – тоа веројатно е своевиден механизам што му помага на човекот да остане буден и приутни. поред него, „проѕевањето може да послужи како начин за одржување на будноста и менталната сосредоточеност на група луѓе.
Кристијан Хес од германскиот Универзитет во Берн ја критикуваше теоријата на Галуп. Тој тврди дека неговите експерименти не нудат доволно убедливи докази.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен