Нови училници за средношколците со посебни потреби „Искра“-Штип

Средношколците со посебни потреби од Државното средно училиште „Искра“ во Штип денеска добија три нови училници.
На пуштањето во употреба присуствуваше градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.
Директорот на училиштето Марјан Арсов истакна дека со изградбата на новите училинци, наставничката канцеларија и нови санитарни јазли, училиштето добива дополнителен простор од 120 метри квадратни.
- Самата инвестиција чини околу 3,7 милиони денари, буџетски тековни средства, а имаме и дополнителни еден милион денари за опремување на училниците. Оваа инвестиција значи многу, а со неа мислиме дека значително ќе се подобри квалитетот на наставата и просторните услови за работа. Функционираме и како ученички дом и со ова дислоцирање на наставничката канцеларија, двете целини ќе бидат одделени, рече Арсов.
Штипскиот градоначалник, Захариев најави дека како општина ќе помогнат и во изнаоѓање начин за реконструкција на Ученичкиот дом кој функционира во рамки на средното училиште.
- Имаме намера, општината заедно со приватни донатори, да ги реконструираме дел од соблекувалните, спалните, тоалетите и дел од просториите за престој на наставниците. Тоа не би било голема инвестиција, околу еден милион денари, и мислам дека треба тоа да го направиме затоа што овие деца се доверени на еден наставен кадар кој е многу посветен, а целта ни е тие деца по завршувањето на образованието да се снајдат во општеството и да најдат вработување, рече Захариев.
Во училиштето од прва до трета година учат 70 ученици од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
