Новини во МојТермин – се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“
Министерството за здравство соопшти дека со Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна.
Најзначајната новина, што се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.
Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед.
Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за: препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија и издавање ортопедски помагала, остварување право на БПО, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари и преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа
Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност