Новиот еврокомесар за проширување в среда доаѓа во Скопје
Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Северна Македонија, дознава МИА од извори од Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар.
Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.
На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.
Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.
Еврокомесарот Вархеји, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.
Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање.
Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци