Македонија
24. November 2023 - 12:02

Новиот пакет антикризни мерки на седница на Владата во вторник следната недела, најави Тренчевска

Новиот пакетот со антикризи мерки ќе биде разгледан на седница на Владата во вторник следната недела, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

 Одговарајќи на новинарско прашање, министерката рече дека седницата на Владата е закажана за во вторник и оти со мерките ќе бидат опфатени голем број граѓани и приватниот сектор.

-Во вторник ќе има информација што се содржи новиот пакет антикризни мерки, рече Тренчевска, која со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е во посета на Кавадарци.

Според најавите, во антикризните мерки ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани и пензионери со минимална пензија.