Новиот парк за миленици во Ново Лисиче во завршна фаза
Новиот парк за миленичиња во Ново Лисиче е во завршна фаза. Паркот ќе биде пуштен деновиве, а останува уште да се постават дополнителни елементи, во вид на реквизити и содржини за кучињата и урбана опрема, информираше денеска градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој со градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, го посетија паркот.
- Во Скопје има голем број ндомашни миленичиња и ние работиме на овозможување подобри услови за нив и нивните сопственици. Во таа насока град Скопје гради специјални паркови за миленичиња, каде последен ваков парк е овој во Ново Лисиче, долж булеварот АСНОМ. Овој парк ќе биде завршен во наредниве неколку дена, каде треба да се постават дополнителни елементи, во вид на реквизити и содржини за кучињата и урбана опрема, изјави скопскиот градоначалник Трајановски.
Паркот е со површина од 920 метри квадратни и во целата површина е ограден со заштитна жичена ограда (мрежа).
- Ова е трет парк за миленици во Скопје, а ние и во иднина ќе продолжиме со изградба на вакви паркови во соработка со општините во сите општини во Скопје, истакна Трајановски.
Градоначалникот Коневски најави дека ова е прв ваков парк за миленици на територијата на Општина Аеродром и дека во иднина, во соработка со Градот Скопје, ќе изградат поголем број на вакви паркови на територијата на општината.
Новиот простор за миленичиња е лоциран во Ново Лисиче, Општина Аеродром, во паркот долж булеварот АСНОМ, до седиштето на Фудбалската федерација на Македонија.
Градежните работи на новиот парк ги извршија екипите на ЈП „Улици и патишта“, додека истиот е уреден од страна на ЈП „Паркови и зеленило“.
Ново на Сител
-
Ниту една компанија не ги почитува правилата за заштита на животната средина
-
МОН и СОНК се блиску до договор за покачување на платите
-
Ачковска/Улчар – Преспанскиот договор го одзеде правото на македонците за самоопределување
-
ДЗСИ врши вонреден надзор на Детска клиника - кој ќе одговара за починатото 14-месечно бебе?
-
Српскиот премиер Вучевиќ во официјална посета на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ