Свет
22. March 2017 - 12:54

Ново ѕвецкање со оружје: Путин припојува територија на уште една држава?

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди потпишување на договор со кој вооружените сили на грузискиот сепаратиситчки регион Јужна Осетија ќе се вклопат во структурата на Војската на Русија.

Грузија го осуди потегот на рускиот претседател Владимир Путин, а може да се очекува истото да го направат многу други западни држави, со обвинение дека Кремљ тивко подготвува анексија на дел од територија на друга суверена држава, откако истото го направи со украинскиот Крим пред две години.

Москва де факто веќе со години ја контролира Јужна Осетија, планински регион на североистокот на Грузија, но до сега тој регион официјално го третираше како независна држава, додуша меѓународно непризната.

Според текстот на предлогот за кој Путин инсистира да се потпише што побрзо, сепаратистите во Јужна Осетија со благослов на Москва треба да ја прифатат новата оперативна процедура за нивните вооружени сили, додека структурата и целите на тие вооружени сили ќе бидат формирани во договор со Русија.

Во договорот исто така стои дека припадниците на вооружените сили на Јужна Осетија можат да ги префрлат вооружените сили на Руската Федерација во руската база во Јужна Осетија.

Натаму, сепаратистите ќе ги намалат сопствените вооружени сили во согласност со бројот на новите војници кои во својата база ќе вработат Руси. Договорот со сепаратистите треба да го склучат руските министри за одбрана и надворешни работи.

Грузискиот министер за надворешни работи Михеил Јанелидзе жестоко ја осуди таа најава. - Кој било договор меѓу Руската Федерација и де факто лидерството на Јужна Осетија не е легитимен. Таквите чекори не водат кон зачувување на мирот и го нарушуваат мировниот процес, потребен за разрешување на конфликтот, наведено е во изјавата на Јанелидзе.

Јужна Осетија се одвои од Грузија во војната по распадот на Советскиот Сојуз, а состојбата дополнително ескалираше во 2008 година кога Русија во Јужна Осетија прати свои трупи со објаснување дека сака да ги заштити цивилите на регионот од грузиските сили. Грузија со дипломатска, но не и воена поддршка од западните сили, тој потег го нарече обично крадење на територија.

По кратката војна, Русија ја призна Јужна Осетија како независна држава, но нивниот потег го следеа само неколку други меѓународно признати држави.

Критичарите на руската надворешна политика пак сметаат дека интервенцијата во Јужна Осетија била само експеримент за подоцнежна анексија на украинскиот полуостров Крим. 

 

Дневни Аваз - Сараево