-->
-->
Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО
-->
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар телеком”.Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
