Новогодишен хуманитарен базар во Гевгелија

Во Гевгелија денеска почна традиционалниот хуманитарен базар што го организира фондацијата „Аполонија“ во соработка со двете градски основни училишта, Дневниот центар и Националната алијанса за лица со посебни потреби.
- На овој добротворен настан во наредните три дена, заклучно со 23 декември, на посетителите на базарот ќе им понудиме да купат новогодишни украси, глинени предмети и накит изработен од самите деца, како и домашни новогодишни и божикни колачиња кои се донација од нивните родители, рече раководителот на фондацијата Аце Ристовски.
Базарот годинава е збогатен со активности, игри и претстави на кои со своја програма се претставуваат дел од учениците. Собраните финансиски средства ќе се донираат за програмата „Дејвид Ван Дер Веге“ која е наменета за социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гевгелија.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
