Новогодишен концерт на Македонската опера и балет
Македонската опера и балет вечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти, Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.
Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски. На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман.
Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).
Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.
- Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од минатата година го организира на првиот ден од Новата година.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија