Новогодишни пакетчиња за децата во кумановската болница
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и Дедо Мраз денеска ги посетија децата сместени на детското одделение во кумановската болница и им поделија новогодишни пакетчиња. Димитриевски, на децата им посака побрзо закрепнување.
-Им поскаувам што побрзо да закрепнат, помалку да доаѓаат овде, да израснат во одговорни граѓани, да се грижат за своите родители, за својата држава-рече Димитриевски.
Тој се заблагодари на несебичниот ангажман што го пружаат вработените на болницата и на пациентите од Куманово и на пациентите од општините од североисточнит регион.
Директорката на болнцата, Снежана Захариева, рече дека во овој период има доста пациенти на одделението од најмала возраст до деца на училишна возраст.
-Иако, сите ние посакуваме овој оддел да има помалку пациенти, за жал, овде секогаш е фрекфентно. Дежурните екипи се на располагање 24 часа, седум дена во неделата, да им олеснат на нашите пациенти-рече Захариева.
Началникот на детското одделение на кумановската болница, Агрон Сулејамни, информираше дека оваа година во амбулнатата на одделението поминале 15.000 деца, а 1.400 биле хоспитализирани.
Во моментов на одделението има четворица специјалисти, а толкав број лекари специјализираат.
Ново на Сител
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно
-

„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
-

Дардишта и 32ца осомничени за местење тендер од над 7,5 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција
-

ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
-

Скопје меѓу најзагадените градoви

