„Новости“: Странски агенти засилено дејствуваат во Србија во повеќе правци
Разузнавачки служби на САД и Велика Британија засилуваат присуство во Србија и тоа преку македонски и хрватски агенти, објавија Новости повикувајќи се на извори во безбедносните служби.
Весникот нагласува дека министерот за внатрешни работи и секретар на Советот за национална одбрана Небојша Стефановиќ рекол дека странски служби во Србија засилиле активности.
Според медиумот, кој се повикува на разузнавачки извори, политичкиот притисок на Запад за прашањето на Косово добил цврста подлога и на разузнавачки терен.
– Регистрирано е дејствување на странски фактор насочено кон релевантни структури – САНУ и СПЦ, кое има за цел неединство за најкрупната национална тема за која е почнат широк дијалог, наведува весникот.
Новости пишуваат дека во „пакетот очекувања на САД“ се Белград да прими амбиции на Милорад Додик за независност на Република Српска и на тоа поле е регистрирана работа со цел поткопување на осносите на Србија со РС.
Во фокусот на интересирање на агентите е и соработката со Руската Федерација во економско-енергетската и воено безбедносната област. Во прв ред фукос на хрватските разузнавачи е на испораката на шест МиГ-29 од Москва.
– Во изминатите неколку месеци забележани се обиди да се разгради соработката на Србија со Кина за инфраструктурни проекти. За тоа во Белград се интересираше и првиот разузнавач на Кина, Менг Џијанџу за време на неодамнешната посета на нашата држава, наведува согорникот на весникот.
Покрај тоа, британски и американски разузнавачи покажуваат интересирање и за можното обединување на опозицијата пред белградските избори.
„Според неофицијални податоци, во Србија дејствуваат 55 странски служби за безбедност од 40 држави. Со нив нашите агенции соработуваат, но има и агенти кои работат и друго и нашите служби тоа го откриваат и следат, наведува весникот.
Ново на Сител
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина