„Новото собрание“ на Мадуро усвои декрет со кој опозиционерите ќе се судат за предавство
„Новото собрание“ на Венецуела, составено само од приврзениците на претседателот Николас Мадуро изгласаа декрет со кој лидерите на опозицијата и политичките противници ќе се судат за предавство.
Со декретот понуден од претседателот, се опфатени сите за кои се вели дека им „даваат поддршка“ на санкциите кои ги воведоа САД, но засега не се спомеуваат имиња на опозиционерите кои би биле прогласени како предавници.
Поранешниот министер за надворешни работи Делси Родригез кој сега е поставен за претседател на ова собрание, изјави дека побарал од државниот обвинител на Венецуела „веднаш да покрене истрага“.
Минатата недела, САД воведоа санкции против власта во Каракас, означувајќи ги како „одговор на диктатурата“ на Мадуро.
Тој од Каракас, веднаш потоа возврати со обвинување дека „санкциите се обид да се урне“ венецуелската економија.
„Новото собрание“ кое се нарекува и „уставотворно“ беше создадено како паралелно тело на легално избраниот и уставен Парламент, само за да се блокира неговата работа и за да се елиминира опозицијата, која по последните избори го има мнозинството.
Мадуро уште при создавањето на собранието објави дека владата и тој како претседател ќе им одговараат само на членовите на „новото собрание“.
САД и најголемиот број латиноамерикански држави го обвинуваат Мадуро дека со создавањето на „собрание“ контра Парламентот, практично, воведува диктатура во Венецуела, газејќи ги човековите права и узурпирајќи ја демократијата.
Никоас Мадуро, кој го наследи на функцијата покојниот Хуго Чавез, настојува во земјата да изврши социјалистичка револуција, како онаа во Куба, на што се противи домашната опозиција.
Венецуела која располага со резерви на нафта, за кои се вели дека се најголеми во светот, подолго време се соочува со тешка економска криза, со рекордна инфлација и со недостиг на основните производи и лекови за лугето.
Мадуро за ваквата ситуација ги обвинува „странските непријатели“ и домашните „преданици„ но опозицијата тврди дека вината е во непособнста на владата и на претседателот и во популистичката политика и социјалистичката економија што ја наметнуваат за да се придобијат гласовите на посиромашниоте гласачи.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска