НСП: Извршен мобинг врз двајца полицајци од нивните раководители
Извршено е неправилно и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев.
- Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседетлот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев.
И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и незаконско постапување на раководните лица.
Делчев апелираше до директорот на БЈБ и Министерот за внатрешни работи доколку сметаат дека има потреба, итно да почне процесот за менување на некој раководни функционери во МВР, а се со цел, како што рече, да не им се остави простор на раководителите да вршат мобинг врз полицајците.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет