НСРР: Најостро го осудуваме насилството врз девојката од Штип
Националниот совет за родова рамноправност – СОС национална мобилна бесплатна линија остро го осудува насилството врз девојката од Штип.
– Бараме примена, најостра, на Законот за насилството, вели претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, која ги повика жртвите на насилство, истото да ги пријават на бесплатната линија 141 700.
Инаку, денеска Основниот суд во Штип одреди осумдневен притвор за двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда. Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. По објавувањето на видеото, двајцата штипјани беа приведени.
Тие по одлуката на судијата на претходна постапка ќе бидат однесени во кумановскиот затвор. Обвинителство наредната недела, до судијата на претходна постапка треба да достави обвинителен предлог, по што судијата ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор.
Ново на Сител
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија