-->
-->
Обама: Директорот на ФБИ не се обидува на влијае на изборите
-->

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не верува оти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Џејмс Коми се обидува да влијае на претседателските избори во САД со одлуката оваа агенција да ги истражи новооткриените мејлови во рамки на истрагата за приватниот сервер на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон.
- Ќе повторам пак дека Џим Коми е добар човек и не верувам дека на било кој начин се обидува да влијае на изборите, истакна Обама во телевизиско интервју.
Тој додаде дека Коми е „сериозен државен службеник“ кој се обидува да постапи правилно.
Обама на 2 ноември индиректно упати критика до Коми, нагласувајќи дека истрагите во САД не треба да се спроведуваат врз основа на алузии и „нецелосни информации“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
