Обама: Дојдов на Куба за да ги погребам последните остатоци од Студената војна

Претседателот на САД Барак Обама во обраќањето до кубанскиот народ изјави дека допатувал на Куба за да ги погреба последните остатоци од Студената војна во Америка.
- Различностите меѓу нашите влади во тие долги години се реални и значителни... Дојдов тука да му подадам пријателска рака на кубанскиот народ. Не треба да стравувате од закана од страна на САД. Можеме да бидеме партнери во мирот. Можеме да се движиме напред како пријатели, изјави Обама во Гран театарот „Алисија Алонсо“ во Хавана во присуство на кубанскиот претседател Раул Кастро.
Обраќањето на Обама се емитуваше во живо на кубанската национална телецизија.
Тој посочи дека претходната политика на САД за изолација на Куба нема смисла и апелираше до америоканскиот Конгрес да го укине трговско-економското ембарго, воведено пред децении.
- Време е ембаргото да биде укинато, посочи Обама.
Тој истакна и дека САД ниту можат ниту сакаат да наложуваат промени на Куба, но оти ќе се залагаат за почитување на човековите права и слободи, а владата да се избира на слободни и фер избори.
- Мислам дека тие права се универзални и важат како за американскиот, така и за кубанскиот и за секој друг народ во светот, потенцира Обама.
Американскиот претседател на шпански јазик изјави „Иднината на Куба треба да е во рацете на Кубанците“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
