Свет
10. July 2016 - 8:52

Обама: Интегрирана Европа е најголемо достигнување на денешницата

Создавањето на интегрирана Европа е едно од најголемите економски и полиитчки достигнувања на денешницата, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

-  Проектот за европска интеграција денес е изложен на предизвици како никогаш до сега, но на него треба да се гледа како на завршена работа, оцени Обама, кој синоќа допатува во официјална посета на Шпанија.

Според Обама, бегалскиот прилив во Европа отвори нови прашања во врска со европската гранична политика и со способноста на земјите на ЕУ да соработуваат за заедничко решавање на проблемите.

- Слабиот економски раст на континетот остави без работа многу Европејци, посебно млади, создавајќи кај нив незадовоство. Во сите земји многу луѓе сметаат дека глобализацијата им нанела штети. Затоа владите, а исто така и европските институции, треба да покажат дека ја разбираат вознемираноста на граѓаните и дека знаат како да реагираат во ваков случај, смета американскиот претседател.

Тој оцени дека сите земји, вклучително и САД треба да „завршат подобра работа“ и да создадат услови за нови работни места и можности за сите во рамки на процесите на глобализацијата и интегрирањето на економиите.  

Обама во интервјито се осврнува и на глобалните безбедносни закани, како војната во Сирија, немирите во Африка и приливот на бегалци и мигранти кон Европа.

- Убеден сум дека во вакви услови лидерството на САД е неопходно за гарантирање на безбедноста и просперитетот на светот. Токму затоа ние ја поведовме глобалната коалиција за уништување на Исламската држава, работиме неумирно на изнаоѓање дипломатско решение за војната во Сирија, обезбедуваме хуманитрана помоаш како ниту една друга земја, а на есен ќе организираме и глобална средба за проблемот со бегалците, додаде Обама. 

Сепак, според него, ниту една земја, па дури ни САД, не може сама да се справи со ваквата серија глобални предизвици и затоа се потребни коалиции и партнерства за решавање на проблемите.

- Ќе бидеме побебзедни ако заедно го споделуваме товарот за гарантирање на меѓународниот мир и безбедност, порача Обама во интервјуто за „Паис“.