Обама: Нема јасни докази дека нападот во Орландо бил поттикнат од странство
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека не постои јасен доказ оти напаѓачот, којшто го изврши најсмртоносниот напад во историјата на САД во кој загинаа 49 лица во геј клуб во Орландо, бил поттикнат од странство, јави Радио Слободна Европа.
Обама денеска изјави дека напаѓачот Оман Матин најверојатно бил под влијание на екстремисти, но оти нема директни докази кои укажуват дека тој делувал под инструкции или дека е дел од поголем заговор.
Обама изјаве дека се чини оти 29-годишниот Матин, кој од клубот во телефонскиот повик изразил верност кон екстремистичката група на Исламската држава, бил инспириран од екстремистички информации достапни на интернет.
Матин беше убиен од полицијата која упадна во ноќниот клуб три часа по почетокот на убивањето. ИД ја презеде одговорноста за нападот.
Ново на Сител
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино