Обама: САД нема да ја пролеваат својата крв во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД ќе се залагаат за решавање на кризата во Сирија со политички средства и оти таму нема да ја пролеваат својата крв и нема да ги повторуваат грешките од минатото.
- Ако Иран и Русија сакаат да ја пролеваат својата крв, обидувајќи се да му помогнат на својот сириски клиент (Башар ал Асад) и тонејќи во жива кал, тоа е нивни избор. Како претседател на САД направив поинаков избор. Единствено решение за сирискиот конфликт е политичка одлука, вклучувајќи го преодниот период без Асад. Тоа бара дипломатски напори, истакна Обама пред дипломците од Воено-воздухопловната академија во Колорадо.
Тој додаде дека ниту еден американси војник не е вовлечен во уште една граѓанска војна на Блискиот Исток.
- Нашата надворешна политика треба да биде силна, рече Обама, наведувајќи дека треба внимателно да се измерат последиците од можното учество на американски војници во различни граѓански судири, бидејќи како што рече „на тоа не учи историјата“.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
