Обама: Терористите ќе бидат уништени
Американскиот претседател Барак Обама ги повика денеска Американците во пресрет на 15-годишнината од нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, да останат обединети соочени со тероризмот.
Обама, исто така, порача дека САД ќе ги уништат терористите.
- Во очите на терористите важен е начинот на кој ние одговараме. Не можеме да се предадеме на тие што сакаат да не поделат. Не можеме да реагираме на начин што ќе ги урне темелите на нашето општество, изјави Обама во своето редовно неделно радиско обраќање.
Обама истакна дека тоа што ја прави Америка голема е нејзиниот диверзитет и тоа што сите ги прифаќа праведно, без оглед на расата, полот, етничката припадност или верата.
- Ако останеме доследни на тие вредности, ќе ја поддржиме оставштината на оние што ги загубивме и ќе ја задржиме нашата земја силна и слободна, истакна американскиот претседател.
Во нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, изведени од страна на терористичката мрежа Ал Каеда, животот го загубија околу 3.000 луѓе.
Обама осврнувајќи се на тој ден, за кој рече дека е еден од најтемните во историјата на нацијата, изјави дека многу работи се променети во изминатите 15 години.
- Правдата го стигна Осама бин Ладен. Зајакната е безбедноста во нашата земја. Спречивме напади и спасувме многу животи, истакна Обама, предупредувајќи дека терористите ќе бидат уништени.
Обама нагласи дека САД ќе останат немилосрдни против терористите како што се Ал Каеда во Авганистан, Ирак, Сирија и другите делови на светот.
- Ќе ги уништиме и ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ да ја заштитиме нашата татковина, изјави Обама.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло