Обележани планинарски патеки низ Осоговијата

Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани ја заврши акцијата за маркирање на планинарските патеки низ осоговијата, како и до двата највисоки врва Руен (2252) и Царев Врв (Султан Тепе- 2085).
Маркирањето на патеките и обновувањето на старите патокази ке им овозможуваат полесно снаоѓање на планинарите и на рекреативците кои се движат низ планинските предели на Осоговските планини.
- Маркирањето се реализираше на релацијата од селото Саса до врвот Руен и до Царев Врв. Вкупната должина на патеките што беа обележани изнесува 26 километри. Во активноста беа искористени дел од постојните ознаки што се користат како маркирни точки, а на неколку места беа поставени и дрвени столбови со соодветни планинарски ознаки, изјави Никола Серафимов од Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани.
Ваквата активност беше реализирана со единствена цел за обновување на планинарските патеки низ Осоговијата и нивно користење од страна на планинарите од Македонија и странство за искачување на највисоките врвови во Источна Македонија,како и за традиционалната мегунардона средба на врвот Руен со бугарските планинари која се реализира во месец септември.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
