Обезбедени ранчиња за сите првачиња во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за сите 430 првачиња во шесте основни училишта. Градоначалникот Александар Стојкоски ги посети првачињата во ООУ „Мирче Ацев“, а останатите училишта беа посетени од членовите на Советот во општината.
-Драги првачиња, пред вас е еден нов свет во кој ќе запознавате многу нови работи. Желбата за повеќе знаење секогаш да биде ваша најголема цел. Така ќе изразнете во прекрасни млади личности, а вашите родители горди на вас, рече Стојкоски, кој на вработените во образованието им порача со образование и воспитување да ги изнесат децата на вистинскиот пат.

Како што соопшти Општината, Стојкоски истакна дека учебната година стартува успешно. Покрај тековните активности кои навремено беа завршени, отпочна и настава со физичко присуство по цели две години во ООУ „Тихомир Милошевски” и во подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”.
-Исто така, додаде, од 5 септември целосно е организирана исхраната и топлиот оброк. Воедно, отпочнува и целодневната настава, а училишните дворови беа и хортикултурно уредени пред стартот на 1 септември. Во општината продолжува и трендот на стабилна бројка за првачиња“што се движи од 400 до 450 во последните изминати неколку години, соопшти Општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени
-

Сообраќајната статистика во Куманово бележи умерено подобрување, зголемен број санкции
-

Македонските кикбоксери со шест медали на Светскиот куп во Италија
-

ЈО: Ивана била тепана, изложена на закани и сурово психички малтретирана
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
