Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата од вкупно 15 години и каматна стапка од 3,25 проценти, преку меѓувладин договор со Унгарија.
Мицкоски посочи дека кредитот ќе биде под исти услови како и претходно, со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс период и дополнителни 12 години отплата, што ќе значи вкупно 15 години задолжување на државата, во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада.
– На владина седница донесовме одлука во рамките на Влада со Влада договорот којшто го имаме со Унгарија, дел ќе биде кредит под исти услови кои што ги имавме во претходниот случај, односно три години грејс период и дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка, рече Мицкоски.
Град Скопје, додаде, претходно побарал 250 автобуси, но, како што рече, во оваа фаза ќе добие дел од нив заедно со полначи, како и другите општини кои што имаат организиран јавен превоз, за кои Мицкоски рече дека, исто така, ќе добијат дел од побараните автобуси.
– Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100 автобуси, со 50 полначи, додека останатите општини кои што имаат организиран градски превоз побараа мислам дека беа 89 автобуси, а ќе добијат 50 со 25 полначи, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
