Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар

Скопјанец на возраст од 68 години е лишен од слобода поради сомнение дека извршил кражба на бакарни кабли во вредност од околу 200.000 евра, соопшти МВР.
На 10.02.2026 година во 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Општина Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец биле одземени бакарни кабли со должина од околу два километри.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, го лишиле од слобода Т.М.(68) од Скопје, кој бил вработен како обезбедување на објектот.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
