Обид за кражба во црквата Св. Преподобна маченичка Света Петка римска во Дебар

Обид за кражба е регистиран во црквата Света Преподобна маченичка Света Петка римска во Дебар.
- Ноќта меѓу 22 и 23 август, непознати лица со тврд предмет ги оштетиле двата катанци од влезната врата на црквата која се наоѓа улица „Павле Чиковски“. Сторителот или сторителите влегле внатре но за среќа не земале ништо, изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски .
Црквата се наоѓа на така наречената Велигденска ливада, во стариот горен дел на градот, каде што до пред околу една деценија се одржуваше познатото велигденско оро, кое имаше своја долга традиција и посебна специфика.
Според дебарскиот намесник Благоја Спироски црквичката е една од најстарите божји храмови во дебарско кичевската епархија. Тој смета дека непоканетите гости најверојатно ги изненадило нешто зашто не земале ни пари ни од вредните икони.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
