Објавен датумот на премиерата на спин-оф продолжението на „Брзи и бесни“
Само еден ден по објавувањето на времето кога „Брзи и бесни 9“ ќе ја има својата премиера (април 2020), Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам го објавија точниот датум на издавањето на на нивното спин-оф продолжение на франшизата - 26 јули 2019.
Крис Морган, кој ги пишуваше сценаријата за третиот филм и за сите наредни, ќе биде автор и на спин-оф продолжението. Агентот Лук Хобс (Џонсон) и бруталниот криминалец Декард Шо (Стејтам), коишто во оригиналниот серијал имаат споредни улоги, во овој филм ќе бидат главни протагонисти.
Гласини дека Двејн и Стејтам преговараат за спин-оф продолжение на приказната, се појавија уште пред неколку месеци. Но, истите тие шпекулации говореа дека продуцентот и главната ѕвезда на седумте од вкупно осумте филма, Вин Дизел не се согласиле.
„Брзи и бесни 8“ досега на светско ниво заработи 1,2 милијарди долари, со што вкупната заработка на серијалот, изнесува 5,1 милијарда долари.
Ново на Сител
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно