Објавен документ за претресот на одморалиштето Трамп

Американското Министерство за правда објави редигирана верзија на правниот документ врз основа на кој ФБИ изврши претрес во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.
Документот за кој станува збор содржи 38 страници, од кои една третина е речиси целосно затемнета, со цел да се зачува интегритетот на самата истрага, но и да се заштитат одредени сведоци и учесници во истрагата. Сепак, документот би можел да понуди детали за наводните криминални активности на претседателот Трамп, поради што е извршен претресот.
Понатаму се наведува дека дури 14 од 15 кутии и вкупно 184 доверливи документи, пронајдени во одморалиштето на Трамп биле означени како строго доверливи, а пронајдени се и други посебни информации кои ги напишал самиот поранешен претседател. Наведено е и дека има одреден број документи кои Доналд Трамп ги зел од Белата куќа откако престанал да биде претседател, со тоа што подоцна, во текот на овој мај, биле предадени на Националниот архив.
Објавено е и писмо од адвокатот на Трамп, во кое се жали на истрагата и претресот што се случи пред нешто помалку од три недели, со наводи дека Трамп има овластување да ја отстрани ознаката за тајност од пронајдените документи.
Ново на Сител
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
-

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание
