Објавен јавен повик за изведувач на спомен обележје на Никола Карев кај Свиланово
Центарот за развој на Источниот плански регион објави јавниот повик за прибирање понуди од заинтересираните компании за изведба на градежните работи за изградба на спомен обележјето на Никола Карев кај месноста Свиланово, недалеку од кочансклото село Рајчани.
Комплетната реализација на спомен обележјето ќе чини 4.800.000 денари, средства добиени од Бирото за рамномерен регионален развој. Во реализацјата на прокетот се вклучени и општините Пробиштип и Чешиново-Облешево, а носител на активностите е општина Кочани.
- За изградбата на спомен обележјето на Никола Карев кај Свиланово одлука донесе Советот на општина Кочани со што се обезбедија и финансиски средства од Буџетот на општината, изјави градоначалникот Ратко Димитровски.
Според Димитровски, локацијата се простира на површина од 1.600 метри на која ке биде лоциран спомен обележјето со останатите придружни елементи. Објектот ќе биде во вид на амфитеатар, со места за седење и клупи додека осветлувањето ке биде со лед светилки кои како енергија ке ја користат сончевата преку сончеви колектори.
Целокупната реализација на спомен обележјето на Никола Карев кај Свиланово се очекува да биде реализирана за три месеци, односно до октомври оваа година.
Ново на Сител
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка