Објавен конкурс за 25 идни поручници во АРМ
Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување на 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности. На конкурсот се бараат лица кои имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци, веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во Министерството за одбрана, односно АРМ.
Како што соопштија денеска од МО, во АРМ се бараат едно лице за интендандантска служба, едно лице за метеоролошка служба, девет доктори по општа медицина, 12 лица за техничка служба и тоа 7 дипломирани машински инжениери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија, како и две лица за финансиска служба.
Министерството за одбрана во пишаното соопштение ги повикуваа сите лица не постари од 28 години возраст кои ги исполнуваат условите на Конкурсот, да се пријават и да ја искористат можноста да бидат поручници во Армијата на Република Македонија. Крајниот рок за пријавување е 01.10.2016 година.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи