Објавен конкурс за сместување студенти во ДСД „Кочо Рацин“-Битола
Државниот студентски дом „Кочо Рацин“-Битола денеска го објави конкурсот за сместување студенти за наредната академска година. Огласени се 385 места, од нив 308 за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 77 легла се за студентите бруцоши.
- Аплицирањето се врши преку веб-страницата на Министерството за образование и наука www.smestuvanje.mon.gov.mk каде се наоѓаат неопходните документи за пополнување и пријавување. Според востановените правила, 40 насто од леглата се наменети за студентите од социјално ранливите категории, и притоа целиот трошок е на сметка на државата, а 25 насто се за студентите кои постигнале високи успеси во студирањето и тие, исто така, ќе бидат сместени на сметка на државниот буџет. За останатите студенти месечниот износ што ќе треба да се плаќа изнесува 3.450 денари, информираат од ДСД „Кочо Рацин“-Битола.
Во пресрет на новата студиска година, ДСД „Кочо Рацин“-Битола изврши пребојадисување на собите, реновирање, дезинсекција, дезинфекција и дератизација. Во новата академска година на студентите ќе им биде на располагање и библиотека со 500 книги стручна литература и преводи од странски автори, донација на Владата на Република Македонија.
- Електронското пријавување за студентите од втора до шеста година и апсолвентите ќе се врши од денеска до 12 август, а бруцошите ќе може да се пријавуваат од 20-ти до 28 август кога се очекува целосно исполнување на капацитетот, посочуваат од ДСД „Кочо Рацин“-Битола.
Ново на Сител
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина