-->
-->
Објавен најдобриот тим на ЕУРО 2016
-->

Новиот европски шампион Португалија, партиципира со четворица свои фудбалери во најдобриот тим на штотуку завршеното 15-то Европско првенство.
„Идеалниот тим на првенството“ е составен само од играчи чии репрезентации стигнаа меѓу четирите најдобри, односно играа во полуфиналето.
Покрај четворицата Португалци, Франција која беше финалист во најдобриот тим на првенството партиципираат со двајца како и полуфиналистот Велс, додека од редовите на светскиот шампион Германија има тројца фудбалери.
Португалскиот чувар на мрежата Руи Патрисио е најдобриот голман на Првенството, а во одбраната друштво му прават Германците, Џошуа Кимик и Жером Боатенг, како и сонародниците Пепе и Рафаел Гереиро.
Велшаните Џо Ален и Арон Ремзи, заедно со Германецот, Тони Крос го формираат најдобриот среден ред.
Идеалниот напад на првенството според 13-членосто жири, на Еуро 2016 би бил сочинет од Французите, Антоан Гризман (најдобар стрелец на шампионатот) и Дмитри Паје од Франција, заедно со капитенот на новиот првак Португалија, Кристијано Роналдо.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
